23.2.2012 Есиен заминува на крајот од сезоната
Долго најавуваната чистка во Челзи, најверојатно, ќе биде спроведена на крајот од сезоната.
Дидие Дрогба, репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска и најдобар стрелец, веќе е сигурно дека ќе го напушти клубот од Лондон, а по расправијата со стратегот Андре Вилаш-Боаш, не е исклучено уште некој фудбалер да го напушти „Стемфорд бриџ“, без разлика на судбината на португалскиот стратег.
Англиските медиуми пренесуваат дека и Микаел Есиен, играчот од средината на теренот, наскоро ќе му рече ќе се збогува со Челзи. Дваесет и двегодишниот репрезентативец на Гана, најверојатно, ќе биде продаден на крајот од сезоната.
„Сините“ се подготвени да се одречат од Есиен, кој по неколку повреди на коленото, далеку е од играта што ја прикажуваше минатите сезони.