Корисничко име Лозинка Пријави се
02.2.2012

Трагедија во Египет: Повеќе од 70 луѓе мртви во нереди после дербито

Голема трагедија се случи синоќа во Египет во нередите по првенствениот натпревар меѓу Ал Масри и Ал Ахли во кои животот го загубија најмалку 73 луѓе.

По крајот на дербито од 17 коло од египетското првенство во кое Ал Масри го победи Ал Ахли со 3-1, домашните навивачи влегле на теренот и почнале да ги бркаат фудбалерите и навивачите на гостинскиот тим кои се разбегале по целиот стадион, од соблекувалните до телевизиските студија. Во хаосот кој настанал, според досегашните информации смртно настрадале 73 лица, а повеќе од стотина се повредени.
Гостинските играчи во паника се јавувале во програмата на телевизиските куќи и ги повикувале властите да го запрат насилството.
„Обезбедувањето нè напушти, не нè заштити воопшто. Еден навивач само што почина пред мене во соблекувалната“, очаен беше фудбалерот од средниот ред на Ал Ахли, Мохамед Абу-Треика кој од телефон се јави од соблекувалната.
„Луѓе умираат, гледаме мртви тела околу нас. Нема никој од обезбедувањето да нè заштити“, додаде Мохамед Баракат.
Ескалацијата на насилството во целиот Египет продолжи и на натпреварот меѓу Ел Замалек и Ил Исмаили во Каиро. Во текот на првото полувреме на една трибина изби пожар по што играчите одлучиле да не го продолжат натпреварот.
Египетското првенство по овие инциденти е прекинато и сè уште не е познато кога и дали ќе продолжи.

Најнови вести