Корисничко име Лозинка Пријави се
10.8.2018

Екс-играч на Барселона ќе го засили Реал Мадрид, за да биде полесно ќе помогне Баерн Минхен

Тијаго Алкантара е на чекор до договор со Реал Мадрид, според информацијата што ја објави влијателниот шпански медиум „Кадене Сер“. Необично е што Алкантара ја почна кариерата во Барселона, а сега преку Баерн Минхен веројатно ќе ги засили редовите на големиот ривал на Каталонците, Реал Мадрид

Како што објави „Кадене Сер“ Алкантара ја прифатил понудата на Реал Мадрид за преселба од Минхен во главниот шпански град. Сега останува само договор на двата клубови, Баерн и Реал. Според информациите на влијателниот шпански медиум, Реал нуди отштета за Алкантара од 50 милиони евра, а Баерн бара меѓу 60 и 70 милиони евра. Во Шпанија тврдат дека трансферот сигурно ќе се реализира, па индиректно, со помош на Баерн, ќе има трансфер на поранешен играч на Барселона во Реал Мадрид. Ваквите преселби секогаш предизвикуваат посебно внимание во Шпанија, бидејќи ривалитетот меѓу Барселона и Реал Мадрид е огромен.
Алкантара фудбалски порасна во позната Академија на Барселона „Ла Масија“, а сега е блиску до трансфер во Реал Мадрид, што сигурно во Каталонија, кај навивачите на Барселона ќе се третира како своевидно изневерување на традицијата и  непочитување на ривалитетот со лутиот ривал од  Мадрид.

 

Најнови вести