Корисничко име Лозинка Пријави се
06.8.2018

Реал повеќе од 1.000 дена ќе биде на кровот на Европа

Поминаа точно 800 дена откако Реал по 11. пат стана европски првак и од тогаш, љубоморно го чува врвот

Цели 800 дена поминаа откако ниту еден друг клуб освен Реал Мадрид, не бил шампион на Лигата на шампиони. На 28 мај 2016 година, на стадионот „Сан Сиро“ во Милано, „кралевите“ во финалето на ЛШ на пенали го победија градскиот ривал Атлетико, и дојдоа до својата 11-та клупска европска титула. Тогаш веројатно никој не ни можеше да претпостави дека Реал ќе владее со Европа цели три години, а можеби ќе бидат и повеќе. 
Реал стана првак и во 2017 година кога во финалето го победи Јувентус, а годинава жртва во финалниот меч беше Ливерпул.
Од тој меч со Атлетико во мај 2016, до денеска, поминаа точно 800 дена. Реал е неприкосновен европски владетел цели 800 дена, а ако се знае дека до следното финале има уште 299 дена, Реал ќе ја надмине бројката и од 1.000 дена како актуелен европски првак. Следното финале од ЛШ е на 1 јуни 2019, и во тоа во Мадрид, но не стадионот на Реал, туку на Атлетико. 

 

Најнови вести