Корисничко име Лозинка Пријави се
10.1.2012

Златната топка на ФИФА трет пат за Меси, Гвардиола најдобар тренер

Лионел Меси е очекуваниот добитник на наградата за најдобар фудбалер на 2011-та година, Златната топка на ФИФА откако трет пат по ред е избран за најдобар фудбалер.

Меси славеше во конкуренција на Чави и Кристијано Роналдо, кој не беше присутен на свеченото доделување на наградата на гала-вечерта во Цирих, како ни Жозе Мурињо, тренерот на Реал Мадрид, поради денешниот реванш-натпревар од Кралскиот куп против Малага.
Меси освои 47,80% од гласовите на националните селектори, капитени и новинари, уверливо пред Роналдо (21,60%) и Чави (9,23%), по годината во која ја однесе Барселона до титулите во: шпанското првенство, Лигата на шампионите, Светското клупско првенство, европскиот и шпанскиот Суперкуп, а притоа постигнувајќи 53 голови.
За најдобар тренер прогласен е Пеп Гвардиола, стратегот на Барселона, во конкуренција со сер Алекс Фергусон (Манчестер јунајтед) и Жозе Мурињо (Реал Мадрид).
Наградата која го носи името на Ференц Пушкаш , а која се доделува за најдобар постигнат гол во 2011-та година ја понесе напаѓачот на Сантос, Нејмар за погодокот во натпреварот против Фламенго. Најталентираниот бразилски играч победи во конкуренција со Лионел Меси (голот против Арсенал во осминафиналето на Лигата на шампионите), и Вејн Руни (погодокот со ножички во градското дерби против Манчестер сити).
Идеалната екипа на 2011 година ја сочинуваат: Икер Касилјас – Серхио Рамос, Жерар Пике, Немања Видиќ, Даниел Алвес – Андрес Иниеста, Чави, Чаби Алонсо – Кристијано Роналдо, Вејн Руни, Лионел Меси.

Најнови вести