26.6.2018 Најнголан во Интер за 24 милиони евра
Белгискиот фудбалер Раџа Најнголан официјално прејде од Рома во Интер.
Интер за триесетгодишниот фудбалер од средината на теренот плати 24 милиони евра и прати во Рим двајца фудбалери – Никола Заниоло и Давид Сантон со што трансферот достигна 38 милиони.
Рома има право и на 10% од следниот трансфер, но максимално до два милиони евра.
Најнголан со „нероаѕурите“ потпиша четиригодишен договор. Белгиецот за Рома играше од 2014 година, кариерата ја почна во Пјаченца, а во меѓувреме играше и за Калјари.
За репрезентацијата на Белгија настапи 30 пати и постигна шест голови, но селекторот Роберто Мартинез не го поведе на Мундијалот во Русија поради непримерно однесување.