12.5.2018 Дани Алвес ќе го пропушти Светското првенство
Бразилскиот фудбалер Дани Алвес ќе го пропушти претстојното Светско првенство поради повреда на коленото, соопшти Фудбалскиот сојуз на Бразил.
Фудбалерот на ПСЖ се повреди во финалето на Купот н Франција, а Селесао соопшти дека му е потребна операција и дека нема да има доволно време да закрепне за Светското првенство.
Алвес играше за репрезентацијата на Бразил на последните две Светски првенства, а за националниот тим досега настапи 107 пати, откако дебитираше во 2006 година.
Фудбалската репрезентација на Бразил првиот натпревар на Мундијалот ќе го игра против Швајцарија на 17-ти јуни. Ви групата Е се уште Србија и Костарика.