Корисничко име Лозинка Пријави се
12.4.2018

Реал може да остане без Рамос и за полуфиналето?

Серхио Рамос можно е да добие дополнителна казна бидејќи против Јувентус, и покрај суспензијата, ги напушти трибините и се спушти на теренот блиску до тунелот.

Рамос поради жолтите картони, го пропушти дуелот од четврт-финалето на Лигата на шампионите на стадионот „Сантијаго Бернабеу“, а се обвинува дека му сметал на Масимилијано Алегри, тренерот на „старата дама“, во моментите на спорниот пенал за Реал во финишот на натпреварот, јавува „Скај спорт“.
Правилата на УЕФА не дозволуваат суспендираните фудбалери да учествуваат во натпреварот, а доколку арбитерот Мајкл Оливер го внесол тој податок во записникот, Рамос ќе биде санкциониран.
За сличен инцидент забрана на еден натпревар доби Чаби Алонсо, поранешниот соиграч на Рамос, при прославата на голот на Герет Бејл во финалето на Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид во 2014 година.
Алонсо ги прескокна рекламите над теренот и со Реал го прослави освојувањето на шампионската титула на Европа по победата во продолженијата со 4-1.

Најнови вести