Корисничко име Лозинка Пријави се
12.12.2011

Лион без Бастос до јануари

Францускиот фудбалски клуб Лион до јануари ќе биде без еден од своите најдобри фудбалери Мишел Бастос поради повреда на грбот, пренесува „Франс фудбал“.

Бастос го пропушти натпреварот од Лигата на шампионите против Динамо Загреб (7-1), а од составот на Лион ќе отсуствува барем уште на неколку натпревари, до јануари идната година, откако го пропушти и вчерашниот дуел со Лориен, . Тоа значи дека Лион без Бастос ќе мора да се снаоѓа во натпреварите против Евијан Тоно Г. и Валенсиен.
Бастос е член на француската екипа уште од 2009 година, кога потпиша четиригодишен договор, а сезонава на 14 настапи постигна пет голови.

Најнови вести