10.12.2011 Чави во клубот 600
Играчот за врска на Барселона, Чави Ернандез, на натпреварот против најголемиот ривал Реал Мадрид, ќе го облече дресот на каталонскиот клуб по шестоти пат во кариерата.
Триесет
и едногодишниот репрезентативец на Шпанија, дебитираше за Барселона
на 18 август 1998 година
која тогаш ја предводеше холандскиот стратег Луис ван
Хал. Чави имаше осумнаесет години, а настапи во натпревар од шпанскиот Супер куп
против Мајорка, a и помогна на екипата подоцна да стане и шампион во Примера
лигата.
Шпанецот
досега одигра 599 натпревари за клубот во кој израсна. Што се однесува до
шпанското првенство, Чави одиграл 397 натпревари, од кои на 361 беше стартер, а постигнал досега вкупно четириесет и два гола.