27.5.2017 Сити го донесе Силва од Монако за 68 милиони евра
Фудбалерот од средината на теренот на Монако, Бернардо Силва, потпишал договор со Манчестер сити, потврдија „граѓаните“.
Дваесет и двегодишниот Португалец ќе го носи дресот со број 20, а на располагање на менаџерот Пеп Гвардиола ќе биде од 1-ви јули.
„Кога се укажува можност да играте под водство на Гвардиола не можете да кажете не. Сите знаат каква работа заврши во Барселона и во Баерн. Тоа е неверојатно. Очекувам дека и со Сити ќе освојува титули“, изјави Силва.
Финансиските детали за трансферот не се соопштени, а англиските медиуми пренесоа дека Сити за Силва платил 68 милиони евра.
Португалецот во јануари 2015 година од Бенфика отиде во Монако за 15 милиони евра и сезонава со тимот од Кнежеството ја освои шампионската титула и дојде до полуфиналете во Лигата на шампионите.