Корисничко име Лозинка Пријави се
28.1.2017

Венгер суспендиран, го пропуштa дербито со Челзи

Арсен Венгер нема да може да го води Арсенал на следните четири натпревари, одлучи Фудбалскиот сојуз на Англија.

ФА го суспендира Французинот поради непримерно однесување, односно поради оттурнувањето на четвртиот судија на натпреварот со Барнли минатиот викенд.
Венгер го оттурна Ентони Тејлор откако главниот судија Џонатан Мос го исклучи поради остриот протест на неговата одлука.
Арсенал го совлада Барнли со 2-1, но со погодокот на Алексис Санчес од пенал во 98-мата минута, кој го изнуди Лоран Косељни, кој во таа ситуација се наоѓаше во офсајд.
Венгер беше незадоволен поради некои претходни одлуки на судијата Мојс, поради кои Арсенал за малку ќе останеше без два бода, бидејќи Барнли изедначи во 93-тата минута, исто така од пенал.
„Требаше да молчам. Се извинувам што не направив така. Не мислев ништо лошо. Требаше да се контролирам иако бев нервозен“, изјави Венгер веднаш по тој натпревар.
Французинот нема да може да го води неговиот тим од клупата во дуелот со Саутхемптон во ФА купот денес, како и против Ватфорд, Челзи и Хал во Премиер лигата, а казнет е и со 25.000 фунти.
Арсенал се наоѓа на второто место на табелата во Премиер лигата со 47 бодови, осум помалку од градскиот ривал Челзи, додека има еден повеќе од Тотенхем, а два од Ливерпул.

Најнови вести