Корисничко име Лозинка Пријави се
13.5.2011

Солбакен на клупата на Келн

Столе Солбакен, актуелниот тренер на ФК Копенхаген, во следната сезона ќе биде на клупата на бундеслигашот Келн.

Сето тоа официјално би требало да биде потврдено во текот на оваа недела. Норвежанецот најнапред мора да ги реши обврските спрема актуелниот клуб, а потоа Келн ќе може да го откупи за 250.000 евра.
Солбакен, исто така, од 2012 година ќе седне и на клупата на селекцијата на Норвешка, за која настапуваше во периодот од 1994 до 2000 година.
Ранк Шефер кон крајот на април ја објави својата одлука дека ќе ја напушти клупата на Келн. Тренерската функција ја имаше од октомври минатата година, кога го наследи Звонимир Солдо. Улогата на привремен тренер во моментов ја извршува спортскиот директор Фолкер Финке.

Најнови вести