17.8.2016 Сасуоло се засили со Матри
Противникот на Црвена звезда во борбата за Лигата на Европа, италијанскиот клуб Сасуоло, договори доаѓање на сериозно засилување.
Нападот на зелено-црните во продолжението од сезоната ќе го предводи Алесандро Матри.
Тој во Сасуоло пристигнува од Милан, а како што пренесуваат италијанските медиуми во вторник ќе потпише двегодишен договор.
Во претходните четири сезони беше на позајмица во Фиорентина, Џенова, повторно во Јувентус и во Лацио.
Минатата сезона постигна седум голови на 27 настапи за тимот од Рим.
Седум пати беше репрезентативец на Италија и постигна еден гол за „аѕурите“.