Корисничко име Лозинка Пријави се
03.11.2011

Дрогба и Челзи ги почнаа преговорите

Дидие Дрогба, триесет и тригодишниот напаѓач на Челзи, ги почна преговорите со клубот околу продолжување на сегашниот договор.

Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска оваа сезона натпреварите често ги почнуваше од клупата за резерви, со оглед на тоа дека предност кај тренерот Андре Вилаш-Боаш имаат Фернандо Торес, Даниел Стариџ и Ромелу Лукаку.

„Преговорите почнаа. Сите ја знаат мојата желба. Не стравувам од конкуренција и секогаш во Челзи се борев за место во тимот“, рече Дрогба.

Моменталниот договор со клубот од Лондон му истекува на крајот од сезоната.

Најнови вести