22.7.2016 Розберг во Мерцедес уште две сезони
Возачот на Ф1 Германецот Нико Розберг го продолжи договорот со тимот на Мерцедес до 2018 година, пренесува „ББЦ“.
Розберг, кој во Мерцедес е од 2009 година, ќе продолжи да соработува со тимскиот колега Луис Хамилтон, и покрај несогласувањата кои постојат меѓу нив двајца.
Тоа значи дека Розберг и Хамилтон ќе бидат заедно во Мерцедес најмалку уште две години, бидејќи и Британецот има договор до 2018 година.
Розберг во моментов води во годинешниот шампионат со 171 бод, четири повеќе од тимскиот колега и двокатниот шампион.
Во недела на програмата е следната трка во Ф1, за Големата награда на Унгарија на патеката Хунгароринг.