06.7.2016 Шиме Врсаљко во Атлетико
Долго најавуваниот трансфер на Шиме Врсаљко во Атлетико Мадрид конечно вчера беше реализиран.
Хрватскиот репрезентативец потпиша договор со вицешампионот на Европа до 2021 година.
Врсаљко минатата сезона со одличните игри му помогна на Сасуоло да стигне до шестото место во Серија А, поради што во Мадрид беа неуморни во намерата да го доведат во своите редови.
Овој 24-годишен дефанзивец одигра два натпревари на Европското првенство во Франција, каде неговата селекција беше елиминирана во осминафиналето од Португалија.
Кариерата ја започна во Динамо Заграб, а пред Сауоло играше и за Џенова.
Хрватот е второто засилување на Атлетико ова лето, по Аргентинецот Николас Гаитан кој пристигна од Бенфика.