Корисничко име Лозинка Пријави се
31.7.2018

Интер и Атлетико се договорија околу Врсаљко

Хрватскиот фудбалер Шиме Врсаљко наводно кариерата ќе ја продолжи во Интер бидејќи „нераѕурите“ се согласија да платат 24 милиони евра за него.

„Скај“ пренесе дека миланскиот клуб прво ќе плати шест и пол милиони за да го земе на заем Врсаљко во наредната сезона. Дополнителните 17,5 милиони евра ќе ги исплати ако Интер ја искористи опцијата да го откупи 26-годишниот играч следното лето.
Врсаљко, кој беше еден од најзаслужните за пласманот на Хрватите во финалето на Светското првенство во Русија, претходно во Серија А играше за Џенова и Сасуоло.
Хрватскиот фудбалер ќе ја пополни празнината на десниот бек на Интер, која остана испразнета со заминувањето на Жоао Кансело во Јувентус. Врсаљко во Атлетико Мадрид ќе го замени Сантијаго Аријас, кој дојде од ПСВ Ајндховен.
Доколку трансферот се реализира, Врсаљко во Интер ќе им се придружи на двајцата соиграчи од репрезентацијата – Иван Перишиќ и Марцело Брозовиќ.

Најнови вести