Корисничко име Лозинка Пријави се
19.6.2018

Врсаљко и Бадељ го поддржаа селекторот Далиќ

Хрватските репрезентативци Шиме Врсаљко и Милан Бадељ ја поддржаа одлуката на селекторот Златко Далиќ да го отстрани Никола Калиниќ, центарфорот на Милан.

Далиќ го отстрани Калиниќ од националниот тим поради тоа што одби да влезе во игра на натпреварот против Нигерија (2-0) на Мундијалот.
„Актуелниот настан не ја наруши атмосферата што ја имавме досега. И понатаму сме сконцентрирани на претстојните натпревари и размислуваме позитивно“, изјави Врсаљко, а пренесе „Вечерњи лист“.
Неговиот соиграч Бадељ изјави дека личните интереси не смеат да бидат над репрезентацијата.
„Репрезентацијата е поинаква од клубот, затоа е клучно егото да се тргне настрана. Тоа е исклучително важно за атмосферата и хомогеноста на групата“, изјави Бадељ.
Репрезентацијата на Хрватска следниот натпревар на Светското првенство во Русија го игра во четврток, против Аргентина во Нижни Новгород.

 

Најнови вести