Корисничко име Лозинка Пријави се
16.4.2016

Хидинк: Бевме загрижени за Азар

Менаџерот на Челзи Хус Хидинк призна дека бил загрижен поради формата и повредата на Еден Азар.

Белгискиот репрезентативец лани беше прогласен за најдобар фудбалер во Премиер лигата во изборот на Здружението на фудбалери во Англија, но оваа сезона постигна само два гола на 38 натпревари кои ги одигра за првиот тим, и двата во куп натпревари.
Азар имаше и неколку повреди сезонава, а најмногу се мачеше со долготрајната повреда на колкот, па не играше од 9 март кога Челзи беше поразен од ПСЖ во Лигата на шампионите.
„Тоа е долга пауза за него. Бевме загрижени едно време, но сега се враќа, имаше три тренинзи со првиот тим. Му реков дека сега мора да почне да игра. Тешко е кога некој бил играч на годината, а потоа има таква сезона. За тоа се виновни и повредите, но кога не е во врвна форма, тоа загрижува“, изјави Хидинк за англиските медиуми.
Холандскиот стручњак кажа дека и тој бил загрижен за формата на крилниот напаѓач.
„И јас многу размислував околу тоа како можам да му помогнам да се врати. Имаше премногу проблеми со повредите и тешко му е да ја врати формата“, додаде Хидинк.

Најнови вести