Корисничко име Лозинка Пријави се
14.4.2016

Вечер за паметење: Коби се прости со 60 поени

Коби Брајант постигна 60 поени во својот последен НБА натпревар - погоди 22 од 50 шута од игра со по 4 скока и асистенции, а со тоа и ја донесе победата на Лос Анџелес лејкерс над Јута со 101:96 по пресвртот.

„Црната мамба“ зад себе ја има најслабата сезона во 20 годишната кариера, но завршницата на натпреварот со Јута потсети на неговите најсветли моменти.
Јута водеше со 96:86 кога започна низата на Коби. Две слободни, па продор, па кош од дистанца преку блок, па тројка, па кош од половина дистанца и нови пенали за да ја потврди победата. 
Пред натпреварот, посебен говор за Коби одржа НБА легендата, Меџик Џонсон, кој потсети на посебните моменти на Коби (5 титули, МВП признание, 25 натпревари со 50+ поени, седум натпревари со 60+, 81 поен во Торонто).
Потоа порака на Коби му испратија и другите НБА легенди почнувајќи од Шекил О’Нил, Дерек Фишер, Кевин Дурант, Двејн Вејд, Дирк Новицки, Леброн Џејмс до Кевин Гарнет.
Се јави и одличниот тренер на Сан Антонио, Грег Поповиќ, а сè заклучи познатиот навивач на Лејкерс и глумец, Џек Николсон: „Ни беше инспирација на сите“.

Најнови вести