Корисничко име Лозинка Пријави се
16.3.2016

Конте ги напушта „аѕурите“ по Европското првенство

Селекторот на фудбалската репрезентација на Италија Антонио Конте ќе ја напушти клупата на „аѕурите“ по Европското првенство во Франција, потврди претседателот на Италијанската фудбалска федерација Карло Тавекио.

„Конте заминува по шампионатот во Франција. Тој е желен е за теренот и за секојдневната работа, што е сосема разбирливо“, изјави Тавекио.
Според пишувањата на англиските и италијанските медиуми Конте веќе има договор на лето да го преземе клубот од Лондон, Челзи.
Пред да стане селектор на репрезентацијата на Италија во 2014 година, Конте за три години во Јувентус освои исто толку титули во Серија А и два Суперкупови.

Најнови вести