Корисничко име Лозинка Пријави се
12.5.2015

Аталанта израмни со Вашингтон, седум поени на Антиќ

Со победата на Аталанта хокс над Вашингтон визардс, таа го израмни резултатот на 2:2 во победи во полуфиналето на Источната конференција и сега има шанса пред својата публика да дојде до решавачка предност.

Аталанта со одлична игра во нападот во Вашингтон ги совлада Визардс со 106:101. Најефикасен играч на натпреварот беше Џеф Тиг со 26 кошеви, Пол Милсап постигна 19, а Ал Хорфорф имаше учинок од 18 поени и десет скокови.
Антиќ одигра 15 минути од средбата и постигна седум поени, два скока и имаше една асистенција, а реализира еден шут од двата обиди за три поени.
И Голден стејт вориорс, најдобриот тим од Западот, по средбата со Мемфис гризлис, израмни на 2:2. Мемфис и по трет пат не успеа да триумфира над Голден стејт и убедливо беше поразен со 101:84.
Стефан Кари, МВП на сезоната, беше одличен со 33 поени. Натпреварите од оваа серија ќе се играат во Оукленд.

Најнови вести