Корисничко име Лозинка Пријави се
16.5.2015

Вориорс и Хокс во финале

Кошаркарите на Голден стејт вориорс и Атланта хокс се пласираа во финалето на своите конференции во плејофот на НБА-лигата.

Екипата од Оукленд ја забележа третата последователна победа против Мемфис гризлис со 108:95, и со вкупен резултат од 4-2 се пласира во финалето на Западната конференција.
Другиот натпревар на вечерта донесе многу повеќе возбудувања, а малку недостасуваше Пол Пирс повторно да биде јунак на Вашингтон визардс, но не ја исфрли топката навреме, па Аталанта хокс со 94:91 сега ќе игра против Кливленд кавалирс во финалето на Источната конференција.
Од друга страна, кој ќе му биде противник на Голден стејт во финалето на Западната конференција ќе се дознае утре, кога е седмиот дуел меѓу Хјустон рокитс и Лос Анџелес клиперс (21.30 часот).

Најнови вести