Корисничко име Лозинка Пријави се
09.3.2018

Стеф Кари повторно го повреди глуждот

Стеф Кари, плејмејкерот на Голден стејт вориорс полесно го повреди глуждот на десната нога, поради што ќе ги пропушти натпреварите против Портланд и Минесота.

Кари се повреди во текот на натпреварот на Вориорс против Сан Антонио спарс, но неговата екипа на крајот успеа да слави со 110-107.
Тој играше само две минути во првата четвртина, за тоа време постигна два поена, по што го напушти паркетот.
„Секогаш сте загрижени кога се работи за повреда на глуждот на Кари. Толку пати му се случи тоа што по реакцијата веднаш можете да процените дали може да го продолжи натпреварот или не. Самата негова реакција создава грижа“, изјави Дрејмонд Грин, кошаркарот на Голден стејт.
Стеф Кари се повреди по продорот, кога го фаулираше Дежонте Мареј, а во тој случај незгодно скокна на десната нога. Стив Кер, тренерот на Вориорс, веднаш побара тајмаут, а Кари потоа со болки изведе две слободни фрлања, што беше и негов конечен учинок на натпреварот.
Кари истиот глужд го повреди минатата седмица, на натпреварот во Атланта, а истите проблеми ги имаше и во декември минатата година, кога поради повреда на глуждот на левата нога беше надвор од теренот три седмици. Оваа сезона Стеф Кари со истата повреда се здоби четири пати.

Најнови вести