Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
17.5.2018

Хјустон го совлада Голден стејт за 1-1 во серијата

Кошаркарите на Хјустон рокитс изедначија во финалната серија на Западната конференција на 1-1 откако во вториот натпревар го совладаа Голден стејт вориорс со 127:105.

Избраниците на Мајк Дантони одиграа совршен натпревар, додека актуелниот шампион на Лигата целосно потфрли.
Од крајот на првата четвртина, Рокитс константно беа во предност, а во четвртата четвртина направија разлика и до +29.
Најзаслужни за ваквиот триумф на Хјустон се играчите Ерик Гордон, Пи Џеј Такер и Тревор Ариза, додека, како и секогаш, стандардни беа Џејмс Харден и Крис Пол.
Харден натпреварот го завршил со 27 поени (9/24, 3/15 за три) и десет скока, а исто толку постигна и Ерик Гордон (8/15). Такер оствари учинок од 22 поена (8/9) и седум скокови, Ариза додаде 19, додека Пол имаше 16 поени и шест асистенции.
Кошаркарите на Хјустон шутираа одлични 50 отсто од играта и во таквата ситуација Вориорс не можеа ништо.
Во поразениот состав најрасположен беше Кевин Дурант со 38 поени, додека многу лошо одиграа Кари (17 поени, 1/8 за три), Томпсон (89,3/11) и Грин (шест поени, 6 скока, шест асистенции).
Серијата сега се сели во Оукленд, а наредниот натпревар на програмата е ноќта меѓу понеделник и вторник.

Најнови вести