Корисничко име Лозинка Пријави се
22.3.2018

Голден стејт потврди: Кари наскоро на теренот

Од Голден стејт вориорс соопштија дека Стефан Кари е подготвен нормално да работи со екипата.

Кари значително напредуваше, закрепнува од повредата на глуждот и подготвен е за тренинзи со контакт. Во соопштението се наведува дека целта е тој да заигра до крајот на оваа седмица.
Кари во вторникот имал прегледи на глуждот, а резултатите потврдиле дека ќе може да игра по паузата од пет натпревари. Тоа значи дека би можело да биде во составот за денешниот натпревар против Атланта хокс.
Кари го измести глуждот на осми март, во дуелот со Сан Антонио спарс. Тоа беше и негова четврта повреда оваа сезона, во која пропушти вкупно 21 натпревар.

Најнови вести