Корисничко име Лозинка Пријави се
06.1.2015

Одлична партија на Антиќ во новата победа на Атланта

Перо Антиќ продолжува со одличните игри во НБА и синоќа постигна 13 поени за Атланта која славеше на гостувањето кај Лос Анџелес клиперс.

Ова е личен рекорд на единствениот Македонец во НБА во втората сезона, а неговиот тим победи со 107:98 за седма победа на гости на Атланта во низа, што е нивни најдобар резултат по 21 година. Атланта со скор од 26 победи и осум порази е најдобар тим во Источната конференција. 
Ланскиот рекорд на Антиќ на најефикасниот натпревар беше 18 поени.
Перо Антиќ одигра нешто помалку од 18 минути за кои зад неговото име останаа 13 поени, два скока и една асистенција. Негов најефикасен соиграч беше Пол Милсеп со 23 поени и осум скокови, а Џеф Тиг постигна 20 коша. 
Утре Атланта на домашен терен ќе го пречека Мемфис.

Најнови вести