Корисничко име Лозинка Пријави се
28.10.2014

НБА: Дали Леброн Џејмс може да ја донесе титулата дома?

Ноќва почнува новата сезона во НБА, а враќањето на Леброн Џејмс во Кливленд донесе и нов распоред на силите во најсилната кошаркарска лига на светот.

Чикаго булс жестоко се засили, а останатите клубови, вклучувајќи го и шампионот Сан Антонио спарс ги задржаа постојните ростери.
Во новата сезона се очекува повеќе од Лос Анѓелес клиперс, Голден Стејт вориорс и Оклахома тандерс, а од втор план можат да изненадат Индијана пејсерс, Портланд трејблејзер и Мемфис гризлис.
Единствениот Македонец во НБА, Перо Антиќ и неговата Атланта хокс ќе се борат за плеј-оф и чекор понатаму откако  минатата сезона беа елиминирани во првото коло од Индијана со 4-3.
Ова ќе биде дваесетта сезона за Кевин Гарнет, а прва по 19 години без Стив Неш. И понатаму е неизвесно дали Ражон Рондо ќе игра за Бостон селтикс или можеби за некој друг тим.
Шампионот чека да види дали Кавај Ленард ќе го продолжи договорот, а се поставува прашањето дали последните два први пика на драфтот, Ендру Вигинс и Ентони Бенет ќе можат да ја однесат Минесота до пеј-офот.
Многумина премногу го потценуваат Мајами без Леброн, но и го преценуваат Далас по одличните игри во претсезоната.
Според букмејкерите, најголеми фаворити да стигнат во финалето на Истокот се Кливленд кавалирс и Чикаго булс, а на Западот Лос Анѓелес лејкерс и Сан Антонио спарс.
Шоуто почнува ноќва со дуелите Њу Орлеанс – Орландо, Сан Антонио – Далас и ЛА Лејкерс – Хјустон.


Најнови вести