Корисничко име Лозинка Пријави се
08.4.2015

Инцидент во Њујорк: Антиќ приведен

Македонскиот кошаркар Перо Антиќ заврши во притвор во Њујорк поради инцидентот кој се случил во еден ноќен клуб!

Како што пренесува „Њујорк дејли њуз“, Антиќ некое време поминал зад решетки откако со Табо Сефолошa, соиграчот од Атланта хокс, се наоѓале на погрешно место во погрешно време, во инцидентот во кој Крис Коупленд, кошаркарот на Индијана пејсерс, и неговата сопруга биле избодени со нож. Напаѓачот бил 22-годишниот Шезој Блери.
Американските медиуми пренесуваат дека Антиќ и Сефолошa се приведени бидејќи се обиделе да ја спречат полицијата во извршувањето на својата работа, односно дека не го напуштиле местото на несреќата кога тоа било побарано од нив.
Антиќ во најлош случај го очекува само парична казна.

Најнови вести