Корисничко име Лозинка Пријави се
25.5.2015

Кливленд по трет пат ја совлада Атланта, Антиќ на клупата

Кливленд кавалирс поведе со 3-0 во финалната серија на Источната конференција и сега е само на еден чекор од пласман во финалето на НБА-лигата.

Екипата на Кливленд кавалирс на домашен терен ја победи Атланта хокс со 114-111 по продолжението. По квалитетната игра во финишот на натпреварот, „јастребите“ успеаја да се изборат за продолжение, но таму во два наврати не реализираа шут за три поени, па беа поразени.
Перо Антиќ натпреварот го проследи од клупата, а во игра влезе само во последните 13 секунди од средбата, при последниот напад на „јастребите“. Иако имаа шанса за ново продолжение, Мек два пати имаше можност да шутира за три поени и да израмни, но и во двете ситуации не погоди.
Кливленд до победата повторно го предводеше Леброн Џејмс, кој реализира трипл-дабл од 37 поени, 18 скокови и 13 асистенции. Делаведова и Џеј Ар имаа по 17 поени.
Најефикасен играч во екипата на Атланта беше Џеф Тиг со 30 поени, а Пол Милсап постигна 22 поени.

Најнови вести