Корисничко име Лозинка Пријави се
23.5.2015

Леброн го предводи Кливленд до 2-0 против Атланта

Кошаркарите на Кливленд ја победија Атланта со 94-82 во вториот натпревар од финалето на Источната конференција и направија голем чекор кон пласман во големото финале.

Кливленд води со 2-0 во серијата и следните два натпревари на свој терен ќе има шанса да ја заврши серијата и втор пат, прв од 2007 година, ќе може да се бори за шампионскиот прстен.
Екипата од Охајо беше ослабена поради неиграњето на стартниот плејмејкер Кајри Ирвинг, но предводена од одличниот Леброн Џејмс цело време го контролираше натпреварот и во третата четвртина со 30-17 го реши натпреварот.
Леброн за 39 минути постигна 30 поени, девет скокови и 11 асистенции, а Шамперт додаде 16, Делаведова 11 и Мозгов 10.
Во домашниот тим Денис Шродер беше најефикасен со 13 коша, Хорфорд, Корвер и Тиг постигнаа по 12, а нашиот  Перо Антиќ запиша еден поен, една асистенција и пет скока.
Следниот натпревар на програмата е во понеделник наутро.

Најнови вести