Корисничко име Лозинка Пријави се
06.5.2015

Осум поени на Антиќ, Атланта израмни со Вашингтон

Атланта беше подобра во вториот натпревар од полуфиналето на Источната конференција изедначувајќи го резултатот на 1:1 против Вашингтон визардс.

На средбата Перо Антиќ постигна осум поени, од кои една тројка во последната четвртина за сигурна победа над Вашингтон со 106:90.
Кошаркарите на Атланта хокс брзо се рехабилитираа по првиот пораз, не направија кикс на вториот полуфинален натпревар на Источната конференција и убедливо го совладаа Вашингтон.
Антиќ на паркетот беше помалку од 20 минути и постигна осум поени (2/5 за три, 0/1 за два, 2/2 за еден поен) и три скокови.
Најдобар во редовите на „јастребите“ беше Демаре Керол со 22 поени, а потоа следуваа Пол Милсап и Ал Хорфорд со по 18 поени.
На вториот натпревар Мемфис гризлис пред своите навивачи изедначи на 1-1 откако го совлада Голден стејт со 97:90. Најдобри играчи кај победникот беа Мајк Конли со 22 и Зек Рендолф со 20 поени, а кај Голден стејт, Стефан Кари со 19 поени.

Најнови вести