Корисничко име Лозинка Пријави се
21.3.2015

Рекордни 22 поени на Антиќ, пораз на Атланта

Македонскиот кошаркар Перо Антиќ ја одигра својата најдобра партија во кариерата во НБА лигата.

Антиќ постигна рекордни 22 поени за Атланта, која сепак беше поразена на гостувањето во Оклахома со 123-115.
Перо Антиќ за нешто под 20 минути имаше одличен учинок од 22 поени (6/9 од игра и 6/7 од слободни фрлања), 4 тројки од 6 шута, 3 скока и една асистенција. 
Претходно најдобар ефект на Антиќ во НБА лигата беше 17 поени. Македонецот беше убедливо најдобар во својот тим во кој и Шредер запиша 21 поен.
Во победничкиот тим на домаќинот Расел Вестбрук го запиша својот седми трипл-дабл со 36 поени, 10 скока и 14 асистенции, а Дион Вејтерс имаше 26 поени.

Најнови вести