Корисничко име Лозинка Пријави се
16.5.2016

ЦСКА на европскиот трон по продолженијата

Антиќ во тимот на Фенербахче беше единствениот македонски претставник во Евролигата оваа сезона,но синоќа во Берлин не успеа да ја освои својата трета европска круна.

Синоќа на едно од најнеизвесните, а воедно и едно од најдобрите финалиња на Фајнал фор во последните неколку години тимот на ЦСКА дојде до европскиот трон со победа од 101:96 против Фенербахче. 
Сè можеше да биде поинаку ако Фенербахче играше подобро во одбраната, во финишот само еден скок ги делеше од големата победа. 
Во продолжението „армејците“ одлично изведуваа слободни фрлања и дојдоа до својата прва европска титула по 2008 година, а ова воедно е и прва титула за нивниот тренер Димитрис Итудис, додека пак Антиќ не успеа да дојде до европскиот трон по трет пат.
Македонскиот кошаркар во дресот на Фенербахче беше еден од најзаслужните за камбекот на турскиот тим, но во продолжението и клучните моменти тој беше на клупата, на натпреварот настапи 17 и пол минути и постигна 16 поени со шут од линијата за слободни 11/12. Од него поефикасен беше Боби Диксон со 17 поени, а по 16 поени постигнаа Екпе Удох и Џиџи Датоме. 
За МВП на Фајнл фор беше прогласен Нандо Де Коло кој со освоени 22 поени беше најефикасен во тимот на ЦСКА, а веднаш зад него го следеше Теодосиќ со 19 поени. 

Најнови вести