Корисничко име Лозинка Пријави се
12.1.2015

Атланта реди победи, Антиќ одличен

Атланта се избори за осмата победа во низа откако на домашен терен со резултат 120:89 го совлада Вашингтон.

Македонскиот кошаркар Перо Антиќ се наоѓа во одлична форма и постигна 12 поени во убедливата победа над екипата од Вашингтон.
„Јастребите“ за прв пат во 21 година имаат рано водство во Источната конференција и постигнуваат одлични резултати. Засега имаат скор 16-3.
Антиќ последниов месец има дефинитивно најдобри игри во неговата досегашна кариера во НБА-лигата. Во натпреварот против Вашингтон, за речиси 19 минути постигна 12 поени (3/5 за три, 0/1 за два, 3/4 за еден скок), пет скокови и две асистенции.
Во екипата на Атланта хокс која досега има 29 победи и осум порази, на синоќешниот натпревар најефикасен кошаркар со 18 поени беше Кајл Корвер.

Најнови вести