Корисничко име Лозинка Пријави се
01.3.2017

Голден стејт остана без Дурант до крајот на сезоната

Голден стејт лошо помина во Вашингтон, беше поразен со 112:108 од домашната екипа, но и Кевин Дурант, ѕвездата на тимот од Оукленд, го повреди коленото.

Дурант на теренот беше само две минути кога на бизарен начин го повреди коленото, откако неговиот соиграч Заза Пачулија падна токму на ногата на Дурант. Според првите прогнози, станува збор за сериозна повреда, поради која, неофицијално, ќе мора да паузира три месеци, односно речиси до крајот на сезоната.
Во победата на Вашингтон, најдобар играч беше Бредли Бил со 25 поени, а ист број поени во тимот на Голден стејт постигна Стефан Кари.
Денвер синоќа славеше во Чикаго со 125:107. Најдобар во тимот на Денвер беше Данило Галинари со 22 поени, а во екипата на Чикаго најмногу поени постигна Рондо – 19. Никола Јокиќ од Деневер постигна трипл-дабл и имаше 19 поени, 16 скокови и десет асистенции.
Оклахома ја победи Јута со 109:106, а нов трипл-дабл, 30-ти во оваа сезона, имаше и Расел Вестбрук од тимот на Оклахома, кој натпреварот го заврши со 43 поени, 11 скока и десет асистенции. 

Резултати во НБА:
Вашингтон – Голден стејт 112:108
Чикаго – Денвер 107:125
Мемфис – Феникс 130:112
Оклахома – Јута 109:106
Лос Анџелес лејкерс – Шарлот 104:109

Најнови вести