Корисничко име Лозинка Пријави се
08.6.2018

Вашингтон кепиталс го освоија Стенли купот

Хокеарите на Вашингтон кепиталс за прв пат во историјата успеаја да станат шампиони на НХЛ откако во петтиот натпревар од финалето на Стенли купот како гости го победија Вегас голден најтс по пресвртот со 4:3.

Натпреварот беше исклучително напнат и неизвесен, со многу пресврти. Во првата третина Марк Андре Флури и Брејден Хотлби ги зачуваа мрежите, но во вториот дел следуваа погодоци. Во седмата минута домаќините одлично го искористија Јакуб Врана, кој реализираше одличен контранапад и на Кепиталс им го донесе посакуваното водство, но само по три минути Нејт Шмит донесе изненадување. Радоста на навивачите на новакот во лигата не траеше ниту минута бидејќи по 34 секунди, најдобриот стрелец на гостите Александр Овечкин ја затресе мрежата за 2-1. Тоа беше негов 15-ти гол во овогодишниот плејоф и со тоа стана рекордер на франшизата.
Вашингтон не успеа да го сочува водството до истекувањето на 40-те минути бидејќи Дејвид Перон во 13-тата повторно израмни и на паузата заминаа со минус. Овечкин заработи исклучување, а 15 секунди пред истекувањето на казната, Рајли Смит им донесе водство на Најтс.
По истекувањето на 50-тата минута, Дивант Смит-Пели феноменално изреагира на одбивањето и буквално се фрли и со палката го зафати пакот и го внесе во мрежата.  Среќата им беше огромен сојузник на Кептенс во 53-тата минута, кога Ларс Елер го смести пакот во мрежата и поведоа со 4-3, а екипата од Лас Вегас правеше сè за да дојде до продолженија, но Кепитолс не ја пропуштија историската шанса да го освојат најголемиот пехар на светот.
Ова е прв трофеј за екипата од главниот град на САД, и тоа по второто финале на Стенли купот, а хокеарите на Вегас голден најтс можат да бидат само горди на дебитантското учество на целата франшиза во оваа сезона и со тоа што стигнаа до финалето, во кое одиграа одлични партии, но сепак на крајот славеше искусниот противник.