Корисничко име Лозинка Пријави се
07.1.2013

Заврши локаутот во НХЛ

Локаутот во НХЛ е завршен вчера наутро по 16 часа преговори меѓу играчите и челниците на професионалната американска хокеарска лига.

На состанокот е постигнат рамковен колективен договор, па во најсилната светска хокеарска лига сепак ќе се игра новата сезона.
Хокеарите на 15 септември минатата година стапија во штрајк незадоволни од распределбата на приходите, по што подготовките за новата сезона доцнеа скоро четири месеци.
До судирот меѓу играчите и раководството дојде поради тоа што хокеарите добивале 57% од приходите, а другата страна сакаше тој процент да го намали.
Засега не е познато каков точно договор е постигнат, ни кога ќе почне новата сезона и колкав ќе биде бројот на натпреварите кои секој тим ќе ги одигра, но се претпоставува дека првенството ќе почне што е поскоро можно, за една до две седмици.