Корисничко име Лозинка Пријави се
21.9.2012

Локаутот во НХЛ ги врати ѕвездите во Русија

Во НХЛ официјално е прогласен локаут за новата сезона, а најголемите ѕвезди се вратија во Русија додека не се најде решение за почетокот на новата сезона.

Една од најголемите ѕвезди на НХЛ лигата, Јевгениј Малкин се врати во Русија и потпиша договор со Металург Магнитогорск, член на КХЛ, континенталната руска лига.
Малкин до минатата сезона беше хокеар на Питсбург пенгвинс, а со репрезентацијата на Русија го освои златото на Светското првенство во Хелсинки каде беше прогласен и за најдобар хокејар. Со Питсбург пенгвинс пред три години го освои Стенли купот.
Во Русија се врати и Сергеј Гончар, досегашниот член на Отава сенаторс, кој исто така дојде во Металург. И двајцата потпишаа договори кои ќе траат само за време на локаутот и ќе ги раскинат веднаш по неговото завршување о што ќе се вратат во НХЛ.
Покрај овие двајца, и Александар Овечкин, еден од најдобрите светски хокеари исто така се пресели во Русија, во Динамо Москва, каде и ја почна својата кариера. И договорот на Овечкин ќе трае до крајот на локаутот, по што ќе мора да се врати во својот Вашингтон капиталс.
За време на локаутот руските хокеари ќе примаат значително помали плати од тие што ги заработуваа во НХЛ. Според правилата на КХЛ, ќе можат да добијат максимално 65% од платата која ја добиваа во нивните НХЛ клубови.