Корисничко име Лозинка Пријави се
06.2.2017

Неверојатен триумф на Брејди и Пејтриотс во Супербоул

Синоќа во финалето на НФЛ-лигата на американскиот фудбал, кое се одигра во Хјустон, Том Брејди ја предводеше екипата на Њу Ингланд пејтриотс до најголемиот пресврт во историјата на натпреварите на Супербоул, со победата над Атланта фалконс од 34-28 по продолженијата, и со тоа потврди дека е најдобриот квотербек на сите времиња.

И покрај заостанувањето од 3-28 во третата четвртина (средбата заврши 28-28 во регуларниот дел), Њу Ингланд пејтриотс сепак славеше. Со пет освоени трофеи на Супербоул, Брејди стана најтрофејниот играч на неговата позиција, надминувајќи ги легендарните Тери Бредшоу и Џо Монтана, кои имаа освоено по четири.
„Имаше многу акции, веројатно 30, кои ќе го сменеа исходот на натпреварот доколку завршеа поинаку. Ова е неверојатно, многу сум горд на соиграчите“, изјави Брејди по натпреварот.
Њу Ингланд пејтриотс на 51-от Супербоул стана најтрофејниот тим во НФЛ-лигата, кој има освоено девет трофеи, покрај импресивните постигнувања во повеќе статистички категории од двете екипи.