Корисничко име Лозинка Пријави се
21.1.2013

НФЛ: Брат против брат во финалето на Суперболот

Сан Франциско со Џим Харбу го напаѓа Балтимор рејвенс и Џон Харбу во историска завршница на НФЛ.

Финалето на 47-от Супербол ќе стане единствено по тоа што ќе се спротивстават двајцата родени браќа кои седат на клупите на Сан Франциско и Балтимор – Џим Харбу и Џон Харбу.
Балтимор рејвенс го победи Њу Ингланд пејтриотс со 28:13, благодарение на големото водство од 17 поени што го оствари во двете четвртини, и на 3 февруар во Њу Орлеанс ќе игра во Супербоул по 12 години пауза.
Џо Флак, квотербекот на Балтимор, оствари три додавања за тачдаун и комплетираше 240 јарди, така што беше подобар од славниот Том Брејди, кој имаше додавање за еден тачдаун и 320 јарди, покрај две пресечени додавања.
„Не знам дали имавме ваков голем сон. Имавме неколку соништа, неколку тепачки, но и расправии, како сите останати браќа“, рече Џон Харбу.
49-ките од Сан Франциско беа подобри од Атланта Фалконс, иако на полувремето губеа, но со извонредната игра на младиот квотербек Колин Каперник успеаја да се пласираат во финалето.