Корисничко име Лозинка Пријави се
04.2.2013

Спектакл, темница и победа на Балтимор рејвенс

Балтимор рејвенс во големото финале на НФЛ го надигра Сан Франциско со резултат од 34:31.

Екипата на Балтимор рејвенс победи во 47-от Супербол надигрувајќи го во финалето Сан Франциско фортинајнерс со резултат од 34:31 и сосема заслужено дојде до трофејот.
Балтимор во текот на целиот меч имаше предност, на почетокот на второто полувреме водеше со 28:6, но по настапот на Бијонсе во Њу Орлеанс на половина час снема струја, што целосно го исфрли Рејвенс од ритам.
Сан Франциско од напад во напад постепено ја стигнуваше предноста на ривалот, а во финишот имаше и два напади за победа, но од четири обиди на поентира и не успеа да оствари едно од сензационалните враќања во историјата на НФЛ.
Феноменална партија одигра квотербекот на Рејвенс, Џо Флако, кој имаше 22 успешни додавања дури за 287 јарди. Сепак главниот јунак во победата на Балтимор беше Реј Луис, кој во последниот напад го запре противничкиот налет за трофеј.
Ова финале го обележаа и Џон и Џим Харбоу, првите браќа тренери во историјата на НФЛ, коишто ги одмерија силите во финалето.