Корисничко име Лозинка Пријави се
08.2.2016

Менинг и Денвер го освоија јубилејниот 50. Супербол

Јубилејниот Супербол во Санта Клара го освои Денвер бронкс кој славеше победа над Каролина пантерс со 24-10 (10-0,3-7,3-0, 8-3).

Во најважниот натпревар во сезоната тимот кој беше најдобар во регуларниот дел од сезоната, Каролина, доживеа убедлив пораз од Денвер Бронкс. Ништо не им одеше од рака на фаворизираните Пантерси како и на нивниот квотербек Кем Њутон кој не можеше да се справи со одличната одбрана на Денвер кој стигна до својата трета шампионска титула во НФЛ.
На натпреварот одбраната на Бронкос  која беше најдобра во регуларниот тек на лигата  блескаше заедно со шутерот Мекманус и успеа да ја зачува почетната предност во текот целиот натпревар.
Пејтон Менинг, кој заминува во пензија како прв човек со две титули со два различни тима во НФЛ, нападот и првите поени ги запиша дури во финишот на последната четвртина, па комплиментите за играта во финалето отидоа кај дефанзивниот координатор на одбраната на Денвер, Вејд Филипс.
Клучниот момент на натпреварот се случи во финишот во последната четвртина кога бекот на Денвер, Си-џеј Андерсон, по грешката на Њутон постигна тачдаун, а потоа Бронкоси со два поени плус постигнаа голема предност 24-10 што беше знак дека натпреварот беше решен.
Овој Супербол со својот квалитет не беше баш меѓу најдобрите, но како шоу беше комплетно успешен. Химната ја испеа Лејди Гага, а Бруно Марс, Бјонсе и Колдплеј беа тие што ја забавуваа публиката за време на полувремето.