Корисничко име Лозинка Пријави се
03.2.2014

Моќниот Сиетл го освои Суперболот

Екипата на Сиетл сихокс го освои 48-от Супербол, прв во нивната историјата. Во дуелот на најдобрата одбрана и на најдобриот напад го декласираа Денвер бронкос со 43:8.

Сиетл беше премногу брз, премногу силен и премногу добар за Денвер. Одбраната на Сихокс доминираше во првото полувреме за 22:0. Дури во третиот период Менинг го постигна 60-от тачдаун во сезоната, но не многу долго потоа Вилсон го постигна својот втор на натпреварот и покажа дека младоста овој пат е подобра од искуството.
Играта на Сиетл може да се опише само со еден збор – тимска. Го нападнаа ривалот од сите страни. Постигнаа голови речиси на сите начини на кои може да се постигнат.
Имаа два тачдауни, еден со трчање, еден од страната на специјалниот тим и еден од одбраната, од пресечена топка. Покрај тоа, одбраната пресече три топки, а Стивен Хауска погоди два голови од поле.
Креатор на казнената експедиција од Сиетл е тренерот Пит Керол.
Сè беше под команда на неискусниот, но импресивен Расел Вилсон, кој со своите 25 години старост стана најмладиот квотербек кој го освоил Суперболот. Ова беше негова втора сезона во НФЛ. Тој имала девет години кога Менинг почна да игра во НФЛ.
Ова беше прва тимска победа поради која тешко и може да се рече неправедно е да се избере кој е МВП на натпреварот. Сепак, тоа престижно признание заслужено отиде во рацете на еден дефанзивен играч, Малком Смит, кој врати интерсепшн за тачдаун, собра еден фамбл и имаше девет соборувања.
Сиетл сихокс – Денвер бронкос 43:8 (8:0, 14:0, 14:8, 7:0).