Корисничко име Лозинка Пријави се
25.1.2016

Денвер и Каролина во финалето на НФЛ

Денвер во финалето на американската фудбалска конференција (АФЦ) синоќа го победи актуелниот шампион на Њу Ингланд, Патриотс со 20:18.

Бронкоси се пласираа во големото финале благодарение на одличната игра во одбраната, а клучниот детална натпреварот се случи во првата четвртина кога Њу Ингланд пропушти реализација по тачдаун и на Патриотс тој поен им недостасуваше за да имаат барем продолжение.
Том Брејди одигра слаб натпревар, односно колку што му дозволи одбраната на Денвер. Шампионот на НФЛ на крајот одеше на сè или ништо, го намали резултатот на 18:20, потоа одеше да освои уште два поена но не успеа.
Во долгогодишното ривалство Пејтон Менинг по шести пат во 17 дуели беше подобар од Том Брејди, но водеа со 3-1 во победи кога се работи во дуели за шампион во конференцијата на АФЦ.
Каролина пантерс во финалето на фудбалската конференција (НФЦ) ги декласираше Аризона кардиналс со 49:15.
Квотербекот на Каролина пантерс Кем Њутон во текот на натпреварот фрли за два тачдауни и постигна уште два, па неговиот тим со убедлив резултат се избори за пласман во Суперболот.
Каролина пантерс синоќа постигна 49 поени, најмногу во оваа сезона, а оваа екипа води во НФЛ со 500 поени. Последен пат кога некој тим постигнал 49 и повеќе поени во финалето на една конференција било во 1990 година, кога Бафало го победи Лос Анџелес Рајдерс со 51:3, во финалето на АФЦ.
Јубилејниот 50-ти Супербол ќе се одигра на 7 февруари на стадионот на Сан Франциско фортинајнерс во Санта Клара.

Најнови вести