Корисничко име Лозинка Пријави се
18.5.2012

Руди се враќа во Реал Мадрид?

Руди Фернандес, репрезентативецот на Шпанија, од следната сезона би можело повторно да заигра за Реал Мадрид.

Тој оваа сезона ја заврши како член на Денвер, но сè уште е неизвесно дали ќе ја продолжи кариерата во НБА или Европа. Фернандес открива дека покрај понудата од Реал, сака да почека и да го види развојот на ситуацијата во најсилната лига во светот.
„Сè уште ништо не е сигурно. Ако се вратам во Европа, тоа сигурно ќе биде Реал Мадрид, но вистина е дека се чувствувам прекрасно во Денвер и би сакал и понатаму да останам таму. Доколку имам подобра минутажа и потпишам добар договор, тогаш не заминувам оттука. Би ги разгледал и понудите од другите НБА-клубови, па ќе видиме на крајот што ќе излезе, сега закрепнувањето од повредата ми е приоритет“, изјави Шпанецот.
Според шпанските медиуми, „кралскиот клуб“ веќе подготвил тригодишен договор, а овој дваесет и седумгодишен бек оваа сезона веќе настапуваше за него во периодот кога во НБА траеше локаутот.

Најнови вести