Корисничко име Лозинка Пријави се
22.4.2013

Вориорс останаа без Дејвид Ли

Голден стејт вориорс ќе биде значително ослабен во продолжението на плејофот на НБА-лигата - Дејвид Ли ја заврши сезоната.

Играчот со најмногу дабл-дабл натпревари оваа сезона во првиот меч против Денвер нагетс го повреди премицачот на десната нога.
Ли имаше десет поени (4/14 од игра) и 14 скокови пред да се повреди на стартот на четвртиот период од натпреварот, кој на крајот го доби Денвер со кошот на Андре Милер две секунди пред крајот.
Центарот на Вориорс се судри со Џавејл Мекги и жестоко падна на паркетот, веднаш држејќи се за квадрицепсот на десната нога.
Магнетната резонанца веднаш потврди дека е скинат мускулот на десната нога, но сè уште не се знае дали Ли ќе мора да оди на операција. Во секој случај, нема да може да тренира претстојните три месеци.
Голден стејт без него ќе мора да го продолжи дуелот со Нагетс во плејофот. Се очекува да се врати на паркетот на почетокот на тренинг-кампот на Вориорс за сезоната 2013/14.
Ли блескаше оваа сезона, како и целиот тим на Голден стејт, просечно забележувајќи 18,5 поени и 11,2 скока по натпревар. Имаше 56 дабл-дабл учиноци во регуларната сезона, 12 повеќе од Двајт Хауард.
Неговата комбинација на шутеви од полудистанца и додавања во рекет, со доминација под кошот, го правеше покрај Стефан Кари клучен играч на Вориорс.

Најнови вести