Корисничко име Лозинка Пријави се
13.5.2017

Ленард се враќа за финалето на Западот

Кавај Ленард, крилниот кошаркар на Сан Антонио спарс, би требало да биде во составот на тимот за почетокот на финалната серија на Западната конференција со Голден стејт вориорс.

Ленард, кој во вторникот заработи повреда на глуждот на левата нога, можеше да игра во шестиот натпревар од полуфиналето со Хјустон рокитс, но во Сан Антонио одлучија да го одморат за финалето. За среќа, неговиот тим и без него славеше со 114:75 и ја осигури средбата со Вориорс.
Додека неговите соиграчи се подготвуваа за натпреварот со Рокитс, Ленард беше на терапии, а во текот на самиот натпревар беше во соблекувалната, не на клупата. Грег Поповиќ, тренерот на Спарс, пред натпреварот изјави дека Ленард нема да игра, како и дека тоа не била одлука која ја донел самиот кошаркар. 
Сан Антонио веќе остана без Тони Паркер, кој ја заврши сезоната, а интересно е тоа дека тимот од Тексас оствари пет победи без пораз во натпреварите во кои не играа ниту францускиот кошаркар, ниту Ленард.
Во досегашниот дел на плејофот, Ленард има просек од 27,8 поени, 7,7 скокови и 4,7 асистенции.
Финалната серија на Западот меѓу Вориорс и Спарс почнува утре, во Оукленд.

Најнови вести