Корисничко име Лозинка Пријави се
13.6.2017

Дурант: Мамо, успеавме!

По десет години во Лигата, титулата МВП на сезоната, едно изгубено финале, па оспорената одлука да направи трансфер од Тандерс во Вориорс, Кевин Дурант стана шампион.

„Едвај чекам да славам во соблекувалната со соиграчите. Ова е одлична група момчиња, одлична заедница, одлична арена, одлични навивачи. Среќен сум што сум дел од ова“, изјави Дурант по натпреварот.
„Успеавме! Ти реков кога имав осум години. Успеавме!“, изјави Дурант за неговата мајка, неговиот најверен навивач.
 „Таа секогаш знае колку тешко ги поднесувам поразите. Секогаш беше покрај мене, како и татко ми, брат ми, целото семејство. Мило ми е што конечно успеавме“, изјави МВП на финалето на НБА-лигата.
Пред пет години Дурант го играше неговото прво финале во НБА-лигата, не успеа да го освои прстенот со Оклахома Сити тандерс, па минатото лето ја донесе најтешката одлука во животот и направи трансфер во Голден стејт.
„Бев толку нестрплив што не спиев два дена пред овој натпревар. Сакав да оставам на теренот сè што имам . Одлично е што ја освоивме титулата дома. Морам да му честитам на Кливленд, нè држеа будни цело време на натпреварот“, додаде Дурант.
Во 2012 година Дурант во финалето беше поразен од Мајами хит, кого го предводеше Леброн Џејмс, па сега му се реванширан на неговиот голем ривал, но и пријател.
„Се угледав на него од тоа финале. Знаев дека ќе има голема битка, едвај чекав да го предизвикам. Но редеше трипл-даблови, единствено само тој смееше да ме погледне во очи. Беше незапирлив, жестоко се боревме. Му реков дека сега е 1-1 и дека мораме ова пак да го повториме“, изјави Дурант.
Стефан Кари по втор пат стана шампион во три години, а веќе размислува за трета титула.
„Од сето ова научивме низ што поминавме минатата сезона. Благословени сме што веќе три години се бориме за титулата. Одлично е да се врати „Лери“ дома. Ова е посебна работа. Подготвен сум да го направиме тоа повторно“, изјави Кари.

Најнови вести